ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Тимот пред индивидуата, Мемфис е во одлична форма

(ВИДЕО) Тимот пред индивидуата, Мемфис е во одлична форма

сподели
bealestreetbears.com

Шест двоцифрени играчи, 29 асистенции и 51% реализација беа доволни, Мемфис да го совлада Хјустон со 121:110 и покрај 41 поен на Џејмс Харден. Лидерот Џа Морант овој пат имаше 26 поени, 8 асистенции, 5 скока и САМО ЕДЕН промашен шут од поле (10/11). Дилон Брукс следеше со 24 поени и 4 скока.

Со шесттиот триумф во низа, Гризлис продолжуваат да ја зацврстуваат својата позиција на осмото место на табелата на Истокот, сега со вкупен скор 19/22. Рокетс остануваат на петтата позиција во рамките на Западната конференција, со досегашен учинок 26 победи и 13 порази.