ПОЧЕТНА НБА Тимот му понуди максимален договор и тој се повлече од репрезентацијата

Тимот му понуди максимален договор и тој се повлече од репрезентацијата

сподели

Последниот играч што нема да настапува за селекцијата предводена од тренерот со најмногу победи во НБА лигата и најдoлг стаж на една НБА и воопшто професионална спортска клупа во САД, е двојката на Вашингтон.

Визардс му понудија 111 милиони долари за екстензија на договорот во следните три сезони и Бредли Бил експресно се повлече од тренинг кампот на САД. Заедно со него, од селекцијата се повлече и Тобијас Херис, а истото ќе го направи и Зајон Вилијамсон.

Сите откажувања во текот на летниот период, на НБА ѕвездите, се проследени со коментарот – сакаме да играме на ЛОИ во Токио, а сега ќе се подготвуваме за напорната НБА сезона што ни претстои од октомври.

Ќе биде интересно да се почека и да се види дали селекторот Грег Попович ќе извади уште една легендарна изјава од непресушната колекција, за сите играчи што нема да го облечат националниот дрес, или овојпат ќе премолчи.