ПОЧЕТНА Други репрезентации Ти си нашиот лидер, но имаш одличен тим околу себе

Ти си нашиот лидер, но имаш одличен тим околу себе

сподели
fiba.basketball

Андреј Јакимовски повторно се издвои како најдобар поединец во нашиот состав, со 17 поени, 10 скока, 3 асистенции и индекс 26, во спектакуларната победа (92:57) во 1/4 финалето против Естонија.

Македонија ќе игра за медал и за место во А дивизијата за што ни е потребна уште една победа. Најмногу од се, покрај сензационалниот триумф, радува учинокот и на соиграчите на најдобриот кошаркар на Б првенството во Орадеа.

Андреј Андоноски постигна 16 поени, Виктор Исајлоски имаше 11 поени, по 10 поени постигнаа Лејсон Зекири и Марко Миловановиќ. Фамозните 30:6 на крајот на првиот период се уште позначајни затоа што мечот го почнавме со Јакимовски на клупата.

Од сето ова може да заклучиме дека тимската игра, диригирана од Андреј, е најсилното оружје на Македонија на европското првенство во Б дивизијата, во романскиот град Орадеа.