ПОЧЕТНА ЕВРОПА Тешко ќе му биде на МЗТ…

Тешко ќе му биде на МЗТ…

сподели
Андреј Магдевски е најефикасен играч по првото полувреме

Македонскиот шампион не успеа да направи предност по првото полувреме од натпреварот против Нови Пазар, во десеттото коло од АБА 2 лигата.

Резултатот на паузата е 46:46 иако МЗТ Скопје го диктира темпото и имаше и осум поени предност во првиот дел (20:12). Српскиот претставник во регионалното натпреварување се покажа како жилав ривал и ако аеродромци не го извадат максимумот, ќе им биде тешко да дојдат до нови два бода.

Андреј Магдевски со 14 поени е најефикасен по првото полувреме, а девет реализира Маслинко.