ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тешка повреда на Трајковски, неизвесен за квалификациите

Тешка повреда на Трајковски, неизвесен за квалификациите

сподели

Македонската кошаркарска репрезентација уште нема селектор, на речиси три месеци пред стартот на квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2020 година, но оној што ќе ја преземе, може да се соочи со проблеми во играчкиот кадар.

Најмалку два месеца надвор од терените ќе биде еден од најискусните Бојан Трајковски кој на еден од тренинзите на Кожув оваа недела го скинал менискусот. Ова е втора тешка повреда за него годинава откако во април, додека беше член на Гостивар, ги истегна лигаментите и го пропушти остатокот од сезоната.

Неговото евентуално неиграње во февруарските квалификации дополнително ќе не ослабне во височина. Во негово отсуство остануваат Бојан Крстевски, Љубомир Младеновски и најверојатно Ричард Хендрикс. Веројатно во комбинација ќе биде Кирил Николовски кој се врати по долгата пауза и има време до февруари да ја најде својата форма.

Отсуството на Трајковски ќе претставува проблем и за Кожув кој има високи амбиции сезонава. Веќе следното коло гевгеличани гостуваат кај Работнички во Градски парк, а потоа и на МЗТ Скопје во „Јане Сандански“.