ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Тешка повреда на Пауел

(ВИДЕО) Тешка повреда на Пауел

сподели
si.com

Далас загуби од Клиперс со 107-110, но покрај поразот, тимот од Тексас го загуби и Двајт Пауел. На крајот од првата четвртина Канаѓанецот тргна кон кошот, но веднаш падна на паркетот и се фати за десната нога.

Крилниот играч не се врати на паркетот до крајот на натпревар, а прогнозите се дека станува збор за повреда на Ахиловата тетива, што најверојатно би значело и крај на сезоната, за што 28-годишникот доби поддршка од сите страни.

Во отсуство на Пауел, поголема минутажа се очекува да добие Србинот Бобан Марјановиќ.