ПОЧЕТНА ЕВРОПА Тешка, но исправна одлука

Тешка, но исправна одлука

сподели
elplayers.com

Кошаркарските работници во Европа може да здивнат, затоа што конечно ја знаат судбината на сезоната што влегува во историјата како една од најконтроверзните во човековото постоење, како што тоа воопшто може да се каже и за 2020 година.

Ситуацијата со коронавирусот, која никому докрај не е јасна, ги прекина и професионалните спортск илиги, меѓу кои и Евролигата. Еден од играчите во елитното натпреварување, преку една реченица најреално и најточно го објасни епилогот:

„Прекинот на сезоната е тешка, но исправна одлука.“ – се зборовите на Луиџи Датоме, од Фенербахче, екипа што беше заинтересирана сезоната да продолжи.