ПОЧЕТНА Репрезентации Теодосиќ уште не е отпишан!

Теодосиќ уште не е отпишан!

сподели
фото: ALEKSANDAR DIMITRIJEVIĆ / RAS SRBIJA

И покрај малкуте причини за оптимизам, уште постојат шанси капитенот на српската репрезентација да заигра на претстојното Светско првенство.

Тоа го призна и селекторот Александар Ѓорѓевиќ по подготвителниот натпревар против Литванија во Каунас на кој Србите победија со 91:95.

„Милош уште не е отпишан, ќе ја следиме неговата состојба на дневна основа за да процениме дали може да го издржи настапот на Мундобаскетот или не. Ако не, тоа ќе биде тежок удар за нас“, изјави Ѓорѓевиќ.

Во прилог на тоа е и соопштението од новиот клуб на Теодосиќ, Виртус каде плејмејкерот беше на прегледи.

„Виртус во Болоња изврши клинички испитувања на повреденото место на Милош Теодосиќ и во договор со медицинскиот тим на српската репрезентација е предложено да се почне со примена на протокол за терапија.

Ги користевме лекарските совети на докторот Родолфо Роки. Кошаркарот ќе се врати во Србија по налог на докторите во репрезентацијата кои ќе донесат одлука дали тој ќе учествува на Светското првенство во Кина“, стои во соопштението на италијанскиот клуб.

Одлуката треба да биде донесена во следните 24 часа што значи дека многу брзо ќе се знае дали Теодосиќ ќе игра на Мундијалот.