ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) Теодосиќ трагичар, Виртус поразен првпат сезонава

(ВИДЕО) Теодосиќ трагичар, Виртус поразен првпат сезонава

сподели

Дури во 11-тото коло од италијанското првенство, екипата од Болоња ја почувствува горчината на поразот во оваа натпреварувачка кампања.

На гостувањето кај Кремона загуби со 78:66, но остана на првото место на табелата. Домаќинот на овој меч во моментов е најдобра екипа во италијанското првенство бидејќи е единствена со пет победи во низа.

Најголемата ѕвезда на Виртус, Милош Теодосиќ излезе трагичар од овој натпревар бидејќи не само што одигра далеку под својот просек, туку и не го доврши мечот. Поради две неспортски грешки беше исклучен на две минути пред крајот на третата четвртина, а одигра 17 минути за кои постигна седум поени.