ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) Теодосиќ се врати со 22 поена

(ВИДЕО) Теодосиќ се врати со 22 поена

сподели
фото: Virtus Bologna

Српскиот плејмејкер требаше малку да се појави на теренот, колку да се почувствува топката, но Ѓорѓевиќ не можеше да издржи и го остави 22 минути.

Исто толку поени постигна Теодосиќ во првиот официјален натпревар по двомесечната пауза поради повреда, а поради која не играше на Светското првенство во Кина. Виртус го победи шампионот Венеција со 75:70 иако на полувреме беше во негатива со 35:39.

Во првите 20 минути Србинот постигна 17 поени, а сите останати соиграчи 18. На крајот Теодосиќ погоди 3/3 за два, 4/6 за три поени и 4/4 од линијата за слободни фрлања, плус 6 асистенции и 1 скок.

По три кола тимот од Болоња е на првото место на табелата со максимален ефект, заедно со Сасари.