ПОЧЕТНА Европски лиги Теодосиќ предизвика лудило во Болоња

Теодосиќ предизвика лудило во Болоња

сподели
Foto: MN Press

Некогашниот италијански и европски кошаркарски гигант Виртус Болоња е на пат да ја врати старата слава и повторно да доминира во домашниот шампионат.

Првиот дел од тој план е завршен, дојде Милош Теодосиќ, на клупата одамна е Александар Ѓорѓевиќ, освоена е титулата во Лигата на шампионите на ФИБА и тоа беше повеќе од доволно да се врати еуфоријата кај навивачите.

Како резултат на тоа, во раната фаза се продадени 4051 сезонски билет за новата сезона. Дополнително ќе бидат пуштени уште 1200 за арената Пала Доца во која Виртус Болоња ги игра своите натпревари.