ПОЧЕТНА Некатегоризирана Теодосиќ не сака кај Ѓорѓевиќ

Теодосиќ не сака кај Ѓорѓевиќ

сподели
novosti.rs

Капитенот на српската репрезентација се уште е без клупски ангажман откако ја одби понудата да заигра во италијанското првенство.

За него беше заинтересиран поранешниот гигант Виртус Болоња на чија клупа седи селекторот на „орлите“ Александар Ѓорѓевиќ. Италијанците испратиле богата понуда, наводно во висина од два милиони евра, но еден момент бил клучен Теодосиќ да се откаже.

Тоа е (не)учеството на Виртус во Евролигата што е основен услов за српскиот ас да се врати во европската кошарка.

По сето ова најсреќни се навивачите на Црвена Звезда кои уште се надеваат дека Теодосиќ може да го облече дресот на актуелниот српски шампион.