ПОЧЕТНА ЕВРОПА Теодосиќ и Звезда – толку беше!

Теодосиќ и Звезда – толку беше!

сподели

Речиси цело лето траеја шпекулациите за тоа дали српскиот репрезентативен плејмејкер ќе го засили шампионот на нашиот северен сосед.

На крајот тоа не се случи, Милош Теодосиќ замина во Италија, а со тоа ги сруши сите надежи дека некогаш може да го облече „црвено-белиот“ дрес на Звезда. Во гостување на телевизијата Арена тој потврди дека такво сценарио не е возможно.

„Повеќе не е реално да дојдам во Звезда“, изјави Теодосиќ кој со Виртус оваа сезона ќе се обиде да ги освои титулите во домашното првенство и во УЛЕБ Купот.

Искусниот плејмејкер е интернационалец од своите 20 години. Последен пат во татковината играше во 2007-ма кога го носеше дресот на ФМП Железник со кого го освои Купот на Србија. Во тој состав на белградскиот тим беше и поранешниот македонски репрезентативец Предраг Самарџиски.