ПОЧЕТНА ЕВРОПА Теодосиќ и Ѓорѓевиќ наскоро повторно заедно

Теодосиќ и Ѓорѓевиќ наскоро повторно заедно

сподели
Zurnal.rs

Капитенот на српската репрезентација која без него го освои петтото место на светското првенство во Кина, кој не играше затоа што плејмејкерот се повреди на пријателски натпревар во подготовките против Литванија, до крајот на сепември или до почетокот на октомври ќе биде подготвен да игра.

„Тој потполно ќе се опорави и ќе му биде на располагање на тренерот.

Лука Баралди (Sportando)

Нема да игра на првите натпревари, но ќе биде максимално подготвен.“ – рече првиот човек на Виртус Болоња, Лука Баралди.

На инсистирање на стратегот Александар Ѓорѓевиќ, Милош Теодосиќ потпиша договор со тимот од Болоња и ќе биде првиот играч на екипата што сезонава ќе настапува во Еврокупот на УЛЕБ. Минатата сезона, Виртус ја освои титулата во ФИБА Лигата на шампионите.