ПОЧЕТНА Некатегоризирана Теодосиќ ги разочара „Делије“

Теодосиќ ги разочара „Делије“

сподели

Капитенот на српската репрезентација својата кариера сигурно нема да ја продолжи во Црвена Звезда.

Иако нема официјална потврда од него, Eurohoops тврди дека се договорил со Виртус Болоња, а италијански медиуми дека ја прифатил понудата од ЦСКА.

Sportando дури излезе со бројки од договорот, наводно Теодосиќ ќе заработи 6,5 милиони евра за три сезони, но нема да игра во Евролигата, туку во Еврокупот на УЛЕБ. Тренер ќе му биде селекторот на срската репрезентација Александар Ѓорѓевиќ, а член на овој клуб е и поранешниот член на „орлите“ Стефан Марковиќ.

Актуелниот европски првак остана без Серхио Родригез и Нандо де Коло на бековските позиции и таму, од ланскиот состав остана само Даниел Хекет. La Repubblica најави дека Теодосиќ има договор со ЦСКА, но се чини дека Виртус е пореална опција во моментов.

Во секој случај 32-годишниот плејмејкер нема да се врати татковината и ќе им ги скрши срцата на навивачите на Црвена Звезда кои го очекуваа неговиот потпис.