ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Темелковски, второ засилување за Академија ФМП

Темелковски, второ засилување за Академија ФМП

сподели

По потписот на Теодор Атанасов, прволигашот од Кисела Вода го надополни својот ростер со потписот на Славчо Темелковски.

Договорот е во времетраење од 2 години со можност истиот да биде продолжен на уште една. Младиот репрезентативец се сели во Академија ФМП од Вардар, откако својата професионална кариера ја почна во Работнички. Беше член на македонските селекции до 16, 18 и 20 години

Доаѓам во клуб со амбиции, каде што ќе имам простор за напредок под водство на новиот тренер Александар Петровиќ. Сметам дека ја направив вистинската одлука и дека шансата која ја добивам од раководството и тренерот ќе ја оправдам во најдобро можно светло.“ – изјави Темелковски.

Минатата сезона Темелковски беше прв скокач во Првата лига со просек од 8,27 скока по натпревар, на кои додаде 9,5 поени.