ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Темелковски го предводеше Вардар, за малку му избега МВП индексот на мечот

Темелковски го предводеше Вардар, за малку му избега МВП индексот на мечот

сподели

Нашиот младински репрезентативец одлично ја почна сезоната со Вардар, за негова штета со пораз од Еуроникел во Кале 2 (82:92). Најмладиот кошаркарски протагонист во семејството, имаше 17 поени со 10 скока, за валоризација 27, што беше за 1 помалку од противникот Александер Марцет.

kfsm.mk

Ајуда Невес имаше добар меч за домашните, постигна 23 поени со 4 скока и 2 асистенции, но имаше 4 загубени топки. Дамјан Робев беше третата виолина со 11 поени и со 4 скока, односно 2 асистенции. Плејмејкерот Фисник Јунику имаше 8 поени, но регистрира 7 заубени топки.