ПОЧЕТНА Евролига ТЕМА: Партизан не е (во) Зенит

ТЕМА: Партизан не е (во) Зенит

сподели
Eurocup basketball

Тенденцијата на елитното европско натпреварување, е во согласност со модерните теркови на животот. Во преден план се масовноста, пазарот и профитот. Кошарката не е во втор план, но ја губи битката со парите. Евролига кај себе ги сака само „најдобрите“ екипи во земјите, без разлика на нивната историја, потенцијал и почитта што ја уживаат кај навивачите.

Лендејл замина за Жалгирис, ќе состави ли Партизан подобра екипа за следната сезона? (фото: Eurocup basketball)

Доказ е последната вајлд-карта, која што му беше доделена на рускиот претставник Зенит, а за која „најсериозен“ кандидат беше белградски Партизан. Нема да биде пораз ако не ја добиеме поканата, изјавија челниците на црно-белите, но останува горчливиот вкус на усните за тимот што до пред 5 години, беше редовен меѓу најдобрите на Стариот континент.

На Тринкиери му беше ветен поголем буџет, но ќе може ли во август да се составува екипа? (фото: Eurocup basketball)

Не пресудија европската титулата на српската екипа која што е формирана пред 73 години (1946), ниту четирите учества на завршните турнири (1988, 1992 – титула, 1998, 2010), ниту трите други европски круни (Куп на Радивој Кораќ), ниту 6-те АБА титули, ниту „скромните“ рекордни 21-на домашна титула, ниту 15-те рекордни национални Куп трофеи, ниту армијата навивачи која што поставуваше рекорди за посетеност (преку 20.000 во Арена)…

Тренерот на Зенит, Плаца (средина) со првиот човек на Евролига, Бартомеу (десно) – фото: joanplaza.com

Пресудија милионите на Зенит, пресуди влијанието на Русија, пресуди глобалната политика. Пресудна беше машинеријата која што стои зад тимот од Санкт Петербург, екипа формирана пред 16 години, без титула дома, која што игра на крајот на светот, во сала со 7.120 седишта, која што освојуваше титули во чудни северноевропски натпреварувања, но чиј што главен спонзор е Гаспром…

Се е јасно, нели?