ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тасовски уште не е за старо железо

Тасовски уште не е за старо железо

сподели
фото: Pro Cam production

Натпреварот од четвртото коло против Вардар во Скопје ќе го дочека како 39-годишник, највозрасен е во македонското првенство, но не ни помислува да им се предаде на помладите.

Повеќе од две децении е на македонските кошаркарски терени, почнувајќи од Жито Вардар со кого играше финале на домашниот плеј-оф како тинејџер, преку петте титули со Работнички и Фени до Гостивар каде можеби ќе го дочека крајот на кариерата. Посакуваме тоа да не биде брзо бидејќи од Диме Тасовски, помладите можат многу да научат.

Во првото полувреме постигна 13 поени, во второто беше малку потивок, но и не беше толку многу на теренот. Долго време беше прв стрелец, во финишот го достигна Џелетовиќ кој е МВП на натпреварот.

Дека ова не е случајност доказ е и натпреварот против Работнички во претходного коло кога постигна 14 поени со само едно промашување.