ПОЧЕТНА ЕВРОПА Така Србија се грижи за Жељко Обрадовиќ…

Така Србија се грижи за Жељко Обрадовиќ…

сподели
фото: Fenerbahce

Министерот за надворешни работи на нашиот северен сосед Ивица Дачиќ изјави дека утринава за Истанбул одлетал авион кој треба да врати 150 Турци од Србија.

Во спротивен правец ќе замине најтрофејниот европски стручњак Жељко Обрадовиќ со своето семејство. Човекот кој неодамна наполни 60 години го води Фенербахче, а со оглед на тоа што до пред една недела се играа натпревари од турското првенство, не беше во можност порано да се врати во татковината.

Во меѓувреме се појавија шпекулации дека Обрадовиќ можеби нема да се врати во Истанбул бидејќи, наводно, сезоната ќе биде прекината, а од лето повторно ќе го води Панатиаикос чиј тренер беше 13 години и со кого освои пет титули во Евролигата.