ПОЧЕТНА Некатегоризирана Тајвански милијарди и во Бруклин Нетс

Тајвански милијарди и во Бруклин Нетс

сподели

Франшизата од „главниот“ град на Америка има нов сопственик, којшто го откупи мнозинскиот пакет и со тоа сега ја има комплетната бројка на акции под своја капа, објавуваат американските медиуми.

Рускиот милијардер Михаил Прокоров му ги продаде своите 51% акции на тајванскиот бизнисмен Џозеф Цај, кој што веќе имаше 49% од тимот. Се претпоставува дека сумата изнесува 2.35 милијарди долари.

NY Post

Споменатиот нов целосен сопственик на Бруклин Нетс е коосновач на alibaba.com, вреди околу 10 милијарди долари, а оваа зделка со њујоршката НБА франшиза е најголема во историјата на спортот.