ПОЧЕТНА Европски лиги Свесни ли се „каталонците“ што им се случи во Мадрид?

Свесни ли се „каталонците“ што им се случи во Мадрид?

сподели
EFE

Место 1:1 и драматика во финалето од шпанското првенство меѓу вечните ривали, Реал поведе со 2:0 по натпревар кој веројатно веќе го прежалија и играчите и навивачите.

Пред своите навивачи победија со 81:80 иако гостите водеа речиси во текот на сите 40 минути. На 76 секунди пред крајот беше 69:76, на 27 секунди пред крајот 72:77, на 21 – 74:79, а на 15 – 77:80.

Серхио Љуљ беше фаулиран во следниот напад пред кој Реал немаше тајм-аут. Погоди едно од двете слободни фрлања, но топката ја прифати Руди Фернандес. По неколку додавања, таа отиде во рацете на Џејси Керол кој на нешто повеќе од секунда пред крајот и пресуди на Барселона со она што најдобро знае да го прави – погоди тројка од десната страна.

Тоа беше негова петта тројка од седум шута, а натпреварот го заврши со 25 поени. На Барса не и помогна ни Ертел кој реализира 30 поени.

Серијата се сели во Каталонија, но прашање е дали Барселона е способна да се бори повеќе по ваков психолошки шок. На Реал му е потребен уште еден триумф за титулата, а во најлош случај, мајсторката ќе се игра на негов терен.