ПОЧЕТНА СВЕТ Суспендиран најпознатиот американски кошаркарски новинар

Суспендиран најпознатиот американски кошаркарски новинар

сподели

ЕСПН одлучи да го суспендира Адријан Војнаровски поради негова интерна преписка со американскиот сенатор Џош Хоули.

Како реакција на писмото на сенаторот кон НБА, а во врска со односите на лигата со Кина, Војнаровски напиша меил со кратка пцовка, а Хоули тоа го објави на Твитер. Новинарот подоцна јавно се извини, сенаторот побара да не биде суспендиран бидејќи смета дека тој тоа вистина го мисли, но ЕСПН немаше милост.

Војнаровски е најпознат американски новинар кога станува збор за НБА и најчесто прв ги има информациите за трансферите, трејдовите и останатите случувања во франшизите и раководството на лигата. Додека е под суспензија тој нема да добива плата, а не е познато колку ќе трае таа.