ПОЧЕТНА ЕВРОПА Суровата одмазда на шампионот

Суровата одмазда на шампионот

сподели
aba-liga.com

Црвена Звезда со победа ја отвори новата сезона во АБА лигата во која повторно ќе ја брани титулата.

Освен што се рехабилитираше за двата пораза во серија, белградскиот тим и се одмазди на Приморска за сензацијата во четвртфиналето од АБА Суперкупот што се одржа во Загреб. За словенечкиот првак ова беше деби во елитната дивизија од регионалното натпреварување, но Звезда покажа кој е кој во ова друштво и славеше со 90:64.

Убедливо најдобар играч беше Лоренцо Браун кој постигна 18 поени и 10 асистенции за индекс 30. Ленс Кристофер Харис со 17 поени беше прв стрелец во екипата на Приморска.