ПОЧЕТНА СП 2019 Судија, не му дозволувај да ме повреди!!!

Судија, не му дозволувај да ме повреди!!!

сподели
FIBA

Во текот на мечот меѓу Србија и Порто Рико, во кој Србите убедливо победија со 90:47, се случи еден инцидент кој не би требало да се случи во ваков „јасен-како-ден-натпревар“ уште пред да почне дуелот.

Во една ситуација Богдан Богдановиќ тргна на топката, која беше кај Џиан Клавел од Порто Рико. Порториканецот ја губеше, но не сакаше да ја предаде, па искористи валкан трик во обидот да го спречи ривалот да му го одземе баскетот.

FIBA

Судиите досудија лична грешка за Богдановиќ, коректно, но не го видоа потегот на Клавел кој кечерски „ја заклучи“ раката на српскиот плејмејкер. Јасно е дека имаше жар во борбата, но во вакви дуели на мачка и глушец, ова се непотребни егзибиции кои може да доведат до повреди.

Богдановиќ се согласи со одлуката на арбитрите, но уште скоро цела минута разговараше со еден од нив и му објаснуваше што се случи. Можеби ФИБА ќе ја прегледа снимката, па ќе се обиде да им укаже на делителите на правдата.