ПОЧЕТНА Некатегоризирана Судбината си поигрува со Миротиќ – за Барса ќе дебитира во арената...

Судбината си поигрува со Миротиќ – за Барса ќе дебитира во арената на Реал

сподели
Erik Williams USA TODAY Sports

Шпанскиот репрезентативец со црногорско потекло на познат терен ќе го одигра првиот натпревар за својот нов клуб.

По пет години во НБА лигата тој одлучи да се врати во Шпанија, но не во Реал Мадрид каде почна како професионалец, туку во најлутиот ривал Барселона. Судбината сакаше својот прв натпревар за новиот клуб да го одигра во Мадрид, во Визинк арената која е дом актуелниот шампион и најтрофеен тим на оваа земја.

Тоа ќе се случи во рамките на Суперкупот на Шпанија во кој, за разлика од други земји, се среќаваат четири екипи. Оваа сезона ќе учествуваат Реал, Барселона, Валенсија и Фуенлабрада, а ќе се одржи на 21-ви и 22-ри септември, следниот викенд по финалето на Светското првенство во Кина на кое треба да настапи и Миротиќ.

Двојките за полуфиналето уште не се одредени, но Барселона и Реал Мадрид се носители во таа фаза и не можат да играат еден против друг. Нивниот дуел е можен само во финалето и ако се сретнат тоа ќе биде прво Ел Класико за Миротиќ во дресот на Барса, а со тоа и прва можност за трофеј.