ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Струмичката е следната сала што ќе биде дом на македонската кошарка?

Струмичката е следната сала што ќе биде дом на македонската кошарка?

сподели

Иако на последната прес-конференција на нашето раководство беше само најавено дека уште еден објект ќе премине во рацете на КФСМ, откако државата и претходниот концесионер Михајло Михајловски ја отстапија големата сала во СРЦ Кале, очекуваме тоа да биде салата „Парк“.

Салата на некогашниот шампион, последниве години зјае празна…

Струмица долги години беше наш кошаркарски центар, од овој град потекнува Владо Илиевски, истоимениот клуб ја освои титулата во 2007-та против Работнички и играше финале наредната сезона со Фани Индустри, но скоро цела деценија таму ништо кошаркарско не се случува.

Познавајќи ги одличните релации на советникот за спорт при Владата, поранешниот претседател на МКФ Даниел Димевски, со актуелната владеачка структура на нашата земја и со актуелното раководство на КФСМ, нема да не изненади ако сме во право со оваа претпоставка. Ако грешиме, ете предлог од наша страна.