ПОЧЕТНА Други репрезентации „Стручњаците“ сакаат да го наречат ова НЕУСПЕХ

„Стручњаците“ сакаат да го наречат ова НЕУСПЕХ

сподели
fiba.basketball

Во официјалниот инбокс на basketball.mk стигна квалитетна порака со суперсодржина во која што еден познат експерт по кошарка не праша зошто не сме критикувале кога имало неуспех, дали сме биле подложни на цензура?

Ќе му одговориме веднаш со прашање, односно прашања – Колку добро ги познавате приликите во нашата кошарка? Што за Вас значи неуспех? Дали четврто место на едно натпреварување, во каква било форма и со каков било квалитет, е за Вас неуспех?

FB порака во нашиот Inbox

Стручњакот ниту е познат, ниту пак содржината е супер, ниту пак пораката е квалитетна, туку целиот сплет е типично македонскосамоубиствен. Обично не одговараме на смешни коментари и пораки (затоа што гордо можеме да кажеме дека на нашиот медиум има место за сите, што сакаат да пофалат и што сакаат КОНСТРУКТИВНО да критикуваат), но овојпат се работи за нашите деца, за нашата младина и затоа решивме на господинот да му го кажеме следново:

Македонија имаше 5 победи во 5 натпревари во групата, потоа имаше една четвртфинална победа и тоа каква, со огромна разлика. Македонија загуби од Израел не затоа што не знае да игра кошарка, туку затоа што ова се млади деца кои што не се ставени во систем како што тоа го има израелската кошарка или другите високоразвиени кошаркарски или спортски земји.

Солзите нека ви бидат мотив во следните авантури. Само напред! (фото: FIBA)

Македонија одигра егал натпревар со падни/стани форма против Чешка, затоа што тоа беше последен натпревар на шампионатот на кој што имаше само три дена одмор, а се работи за млади деца до 18 години. Згора на тоа, мечот беше да се биде или не. Минатата година играчите до 16 години успеаја, оваа година играчите до 18 години не успеаја. Тука нема ништо спорно, ова е спорт кадешто се победува и се губи. Нашите избраници НЕ СЕ ПОСРАМОТИЈА, ТУКУ ИГРАА КОШАРКА!

Чешка и Израел, селекциите што не победија во полуфиналето и мечот за третата позиција, се ЕВРОПСКИ ВЕЛЕСИЛИ ВО МЛАДИНСКА КОШАРКА! Тоа е и Србија, која што со 3 победи и 4 порази испадна во Б дивизија до 20 години, а Британија со 1 победа и со 6 порази опстана во А дивизија. Ова како мала дигресија.

Тие деца, наши деца, се млади, зборуваме во кошаркарска смисла, затоа што во матичната земја НЕ ИГРААТ ВО СВОИТЕ КЛУБОВИ И НЕМААТ ИСКУСТВО. Играат младински лиги, кои што не се ни од далеку слични по интензитет како европското првенство, макар било и Б дивизија (што е само формалност затоа што дел од селекциите во Б дивизијата се скоро изедначени со оние од А дивизијата, ги делат МАЛИ нијанси), ниту пак посилните лиги.

Најдорбиот стрелец и играчот со најдобар МВП просек на првенството – Андреј Јакимовски од Македонија! (фото: FIBA)

Андреј Јакимовски е меѓу најдобрите играчи на првенството, а меѓу неговите соиграчи има најмалку уште петмина други кои што ќе бидат врвни кошаркари.

НАЈМАЛКУ! Сите подеднакво заслужуваат ОГРОМНА пофалба, Јакимовски само се издвои од групата според бројките. Ова се млади играчи кои што имаат многу да учат! Млади се за наши стандарди, тоа нема уште долго да се смени, затоа што кај нас кошаркарите созреваат во просек 5-6 години подоцна, за што не се виновни тие, туку матрицата на функционирање на клубовите во Македонија, се разбира со чест на ретките исклучоци.

Има уште многу моменти за анализа, но на крајот само ќе го прашаме експертот – на кое ниво сте вие во вашата професионална сфера на егзистирање? Да не сте четврти во Европа, макар и во Б европски рамки? Што е за вас неуспех, или си го користите зборот и ја сквернавите репрезентацијата затоа што така ви текна сабајлето кога станавте?