ПОЧЕТНА ЕВРОПА Стотка само за МЗТ, втора највисока победа

Стотка само за МЗТ, втора највисока победа

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

МЗТ Скопје триумфираше со 110:88 како единствен кој во премиерниот круг ја мина границата од 100 поени, а ја оствари втората највисока победа во ова коло.

Најубедлив беше Сплит кој против динамо на домашен терен славеше со 27 поени разлика (93:66), па поранешниот европски шампион ќе поседи една недела на првото место на табелата.

МЗТ Скопје ќе биде на делба на втората позиција, заедно со Борац кој, исто така, победи со 22 разлика, но со помалку постигнати поени од нашиот шампион.