ПОЧЕТНА ЕВРОПА Столе добар во поразот на Евро

Столе добар во поразот на Евро

сподели
фото: Evreux

Нашиот репрезентативец го одигра првиот меч за новата екипа, која се натпреварува во втората француска лига. Во првата рунда од новата сезона, Ѓуроски постигна 5 поени во поразот против Блуа, со резултат 76:104.

За 26 минути поминати на паркетот, Стојан Ѓуроски имаше и 5 асистенции, односно 1 скок. Во неговиот тим се истакна Замора со 13 поени, додека најдобар стрелец кај победничкиот тим и на мечот, беше Монклар со 23 поени.