ПОЧЕТНА Интернационалци Стојановски си оди од Олденбург

Стојановски си оди од Олденбург

сподели
фото: EWE Basket Oldenburg

Македонскиот капитен ќе бара нов преидзвик, по разделбата со германската екипа. Германските медиуми јавуваат дека на местото на Војдан Стојановски, доаѓа 22 годишниот американски бек од Г лигата, Кевин МекКлеин кој што патем има и германски пасош.

Минатата сезона во 40 натпревари одиграни во Бундеслигата, нашиот близнак имаше просек од 7.7 поени, 2.2 скокови и 1.0 асистенција по меч. Ова беше негова втора германска епизода, по двете години поминати во редовите на Алба Берлин, во периодот 2013-15.