ПОЧЕТНА Некатегоризирана Што убаво изгледа – МЗТ Скопје прв!

Што убаво изгледа – МЗТ Скопје прв!

сподели
фото: МЗТ Скопје

Уште е почеток на сезоната, одиграни се само две кола, но би сакале вака да биде и на крајот од основниот дел, а потоа и по плеј-офот од АБА 2.

Само две екипи во првите два круга имаат максимален ефект, едниот е МЗТ Скопје, вториот е Борац. Македонскиот шампион има подобра кош-разлика од само три поени, но доволно за да биде на чело на табелата.

Без победа се уште се Слобода и Спарс, екипите што МЗТ Скопје ги победи. Следен противник е Рогашка која досега има биланс 1/1.