ПОЧЕТНА СВЕТ Што се случува со Зајон, абер нема од деби во НБА…

Што се случува со Зајон, абер нема од деби во НБА…

сподели

Помина месец ипол од стартот на сезоната во најсилната светска кошаркарска лига, а првиот пик уште не го одиграл својот прв натпревар во оваа конкуренција.

На 2 декември се навршија шест недели откако Зајон Вилијамсон имаше операција на менискусот на десното колено. Тренерот на Њу Орлеанс Пеликанс, Алвин Џентри на новинарите им откри дека 19-годишниот кошаркар гори од желба да излезе на паркетот, но дека уште не почнал ни да тренира.

„Мислам дека е добар во моментов, не сакаме да брзаме со него. Прашање е на време кога ќе заигра. Рековме шест недели, но очигледно е дека мора уште да напредува. Кога ќе биде вистинско време, ќе излезе на терен“, изјави Џентри.

Пеликанс пред почетокот на оваа сезона останаа без својата долгогодишна прва ѕвезда Ентони Дејвис кој се пресели во Лос Анџелес Лејкерс, а со оглед на тоа што не игра Вилијамсон, веројатно е очекувано тоа што екипата има биланс 6/14 и е на претпоследното место во Западната конференција, над Голден Стејт.