ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Што може сега да направи КФСМ?

Што може сега да направи КФСМ?

сподели

Раководството на АВ Охрид со писмо веќе ја известило Федерацијата дека истапува од Првата лига и нема да се натпреварува во новата сезона.

Тоа претставува голем проблем, особено бидејќи се случува на пет дена пред почетокот на Првата македонската кошаркарска лига.

Со откажувањето на охриѓани остануваат десет екипи, но проблемот е во тоа што во речиси секое коло, освен оние две кога АВ Охрид требаше да биде слободен, ќе има две екипи кои ќе паузираат.

Од ваквата ситуација би можеле да профитираат Шкупи и Ангели, кои имаа желба да се натпреваруваат во Првата лига, што беше најавено во текот на летото. Но, едните се откажаа, а другите не добија дозвола.

Во секој случај, ќе треба да се направат нова ждрепка и нов распоред за првенството, за да се избегнат дупки во календарот и паузирање на две екипи во секое коло.

Тоа веројатно ќе предизвика пролонгирање на стартот на шампионатот за барем една недела, затоа што место 11 ќе се играат само девет во првиот круг, односно вкупно 18 кола во основниот дел.

Во првото коло, АВ Охрид требаше да гостува кај Кожув во Гевгелија и тоа беше најавено како дерби на стартот од сезоната.