ПОЧЕТНА НБА Што ќе прави Вестбрук по вероломството на Џорџ?

Што ќе прави Вестбрук по вероломството на Џорџ?

сподели

Беа споени за големи дострели, се разделија како никогаш да не играле заедно. Можеби не се играчите во прашање, туку подземните води во градот.

Пол Џорџ си замина со првиот (сериозен) воз од Оклахома Сити, Расел Вестбрук остана на цедило. Агентот на кошаркарот и раководството на франшизата интензивно работат на идеалното решение за најверниот, кој што цели 11 години ринеше во празно.

Оваа екипа нема среќа, нема резултат, иако во своите редови во едно време ги имаше заедно Дјурант, Вестбрук и Харден, а подоцна и Џорџ. Ако со нив не освои титула, тогаш на прстен може да се надева во другиот живот, особено со последната тектонска промена на рамнотежата во лигата и бројните трансфери на ѕвездите.

Интерес за Вестбрук покажа Мајами, а нему му се допаѓа идејата конечно да се пресели на плажа, особено што таму веќе се сонча единствениот (скоро, па) суперстар што остана сам, Џими Батлер.

Расел сака конкурентен тим, да му врати на Џорџ, но и на Дјурант. Можеби чека одмазда и за Харден. Сите тројца се “неверници” во очите на оној што последен го напушта бродот, на чија што палуба остава 170 милиони долари за следните 4 години крстарење.

Последните три сезони Оклахома губеше во 1-то коло од доигрувањето, а Вестбрук рушеше индивидуални и историски резултати. Играчот што влезе во 4-та деценија од животот (12.11.1988), нема уште многу шанси за место во вечноста.

Шампионот Мајами и предодредениот за големи резултати Вестбрук, со кумот Батлер, во моментов изгледаат како идеалната двојка во дискотеката “Задња шанса”, овој петок.