ПОЧЕТНА Во позадина (ФОТО) Што е заедничко за Мајкл Џордан и Чавдар Костов?

(ФОТО) Што е заедничко за Мајкл Џордан и Чавдар Костов?

сподели

Бугарскиот репрезентативец две години играше во нашето првенство, како член на Работнички и ќе остане запамтен како еден од најдобрите странци кои играле во Македонија.

Мајкл Џордан беше светска кошаркарска ѕвезда, најдобар во своето време и еден од најдобрите во историјата на овој спорт.

Двајцата имаат една страст – риболовот. Чавдар Костов секој слободен момент го користи за да замине на некое од околните софиски езера каде води борба со рибите, но и ги полни батериите за напорите на теренот. Џордан и тука е на малку повисоко ниво бидејќи има посовремена и побогата риболовна опрема.

Неодамна, на турнирот во Морхед Сити, сопственикот на Шарлот Хорнетс улови сабјарка, тешка нешто повеќе од 200 килограми. И покрај импресивниот улов, тоа не му беше доволно да освои едно од првите три места, а победникот улови иста риба, од 224 килограми.

Турнирот трае уште еден ден, можеби Џордан ќе ги победи ривалите и ќе подели околу еден милион долари со својот екипаж.