ПОЧЕТНА Некатегоризирана СТИЛОТ НА ПОПОВИЧ: Од авион на тренинг, на вечера без мобилни, љубов...

СТИЛОТ НА ПОПОВИЧ: Од авион на тренинг, на вечера без мобилни, љубов меѓу играчите

сподели
USA basketball

По напорниот 17-часовен лет за Австралија, селекторот на САД ги однел играчите од авион право на тренинг. За време на вечерите, им забранил да ги носат мобилните уреди. За него, главниот мотив што води до успехот е емпатијата меѓу луѓето.

USA basketball

„Тоа би го направил секој, нели, од авион на тренинг, со цел да го истресеме заморот од нас. Играчите не се познаваат доволно и би сакал повеќе да зборуваат меѓу себе додека вечераме, отколку да кликаат по електрониката.

Убавите нешта во колективните спортови се случуваат кога чувствувате одговорност, кога некого сакате, кога се грижите за тие околу вас.“ – се зборовте на неповторливиот Грег Попович.

USA basketball

По двата меча што ќе ги одигра со Австралија, светскиот првак ќе игра со Канада, што ќе биде последната контрола пред СП во Кина, на кое Американците ги бранат последните две злата, но има многу предизвикувачи што мислат дека може да им го скинат скалпот.