ПОЧЕТНА СП 2019 Стигнаа првите поплаки за организацијата на Мундобаскетот

Стигнаа првите поплаки за организацијата на Мундобаскетот

сподели
FIBA

Најуспешната африканска репрезентација Ангола по осми пат во својата историја ќе учествува на Светските првенства.

Од ноември 2017 година селектор на националниот тим на оваа земја е Американецот, Вил Војт кој преку Твитер се пожали на организацијата на шампионатот кој почнува на 31 август.

„Први 24 часа во Фошан, засега Италијанците не добија топки за тренинг, нам ни е оневозможено користење на конференциска соба, интернетот не работи, а перењето на дресовите и опремата за тренинг им се наплаќа на сите. Кина и ФИБА, можете вие подобро“, порача тој.

Токму Ангола, во дуел со Србија го отвора Светското првенство што ќе се одржи во Кина. На последниот Афробаскет, во 2017 година, оваа репрезентација го освои седмото место што е најслаб нејзин пласман во претходните 36 години.

Ангола има вкупно 11 титули на континенталните натпреварувања, шест повеќе од Египет и Сенегал кои се веднаш зад неа по бројот на трофеи.