ПОЧЕТНА Други репрезентации Стигна наградата – ете ја првата победа!

Стигна наградата – ете ја првата победа!

сподели
FIBA

Одличната игра во првите две кола од Европското првенство е крунисана со премиерната победа за македонската кадетска репрезентација.

Четата на Денис Дервишевиќ повторно беше на високо ниво и ја совлада Летонија со 64:53 за трето место на табелата во групата Б. Летонците во првите две кола претрпеа убедливи порази од Израел и Шпанија.

FIBA

Сега беа рамноправни со нашите кошаркари само во првата четвртина која ја одбележа лошата ефикасност на двете страни со само 18 постигнати поени вкупно и резултат 9:9. Доминацијата на македонската селекција почна на стартот од вториот период, на средина од него водевме со 19:12, нешто подоцна и со 25:15. Летонија немаше сили да ни го загрози водството не само тогаш, туку и во второто полувреме во кое на теренот постоеше само нашата репрезентација.

FIBA

Единствена лоша работа од овој натпревар се повредите на Теодор Симиќ во првото и Амар Хот во второто полувреме. Центарот на Барселона брзо се врати во игра, но вкупно на теренот помина само 15 минути, додека Хот излезе од игра на две минути пред крајот и немаше потреба да се враќа, па уште не се знае од каков карактер е повредата.

FIBA

Повторно наш најдобар играч беше Андреј Митревски кој постигна 23 поени, доминиравме и во скок играта иако тоа не беше така изразено како на дуелите со Шпанија и Израел.

FIBA

Првата победа ја зголемува самодовербата кај кошаркарите, противникот во осминафиналето ќе го добиеме за неколку часа, во зависност од исходот од мечот меѓу Италија и Русија.