ПОЧЕТНА Други репрезентации ШТЕТА! Шест лоши минути не одвоија од финалето

ШТЕТА! Шест лоши минути не одвоија од финалето

сподели
FIBA

Сите силни репрезентации имаат моменти на слабост. Нашата јуниорска го доживеа во полуфиналето од Б-Европското првенство во Орадеа.

Траеше само една четвртина, поточно шест минути во неа, но доволно да загуби од Израел со 66:78 и со тоа да ја испушти можноста да се бори за златниот медал. Вториот период му припадна на противникот со 6:27, во другите три бевме рамноправни, дури и подобри, но конечниот резултат не беше во наша полза.

Од 12-тата до 18-тата минута Израел направи серија од 16:0, од 21:19 дојде до 21:35, во преостанатиот дел од натпреварот тоа не беше достижно за нас. На четири минути пред крајот се доближивме на 58:66, но недостасуваше последниот чекор.

Првпат на шампионатот потфрливме во сите елементи, 35% шут за два, 21,21% за три поени (28,77% вкупно од поле). На спротивната страна бројките беа далеку подобри.

Павел Данаиловски и Дарио Митевски единствени одговорија на предизвикот, во дел од натпреварот се истакна и Лејсон Зеќири. Но, за нашите кошаркари е најдобро овој натпревар колку е можно побрзо да го заборават. Следува дуелот за третото место, втората шанса за пласман во европската елита.