ПОЧЕТНА Други репрезентации Стефанов потсетува на Стефанов

Стефанов потсетува на Стефанов

сподели
sloveniaball.com

Репрезентацијата до 14 години не бележи посакувани резултати на Словенија Бол, турнир кој многумина го сметаат за неофицијално Европско првенство за кошаркари на оваа возраст, но од сето она што се случува таму, можеме да извлечеме и добри нешта.

Пред се настапот на Рубин Стефанов, синот на Врбица кој игра во одлична форма. Тој е најдобар стрелец на турнирот со вкупно 69 поени, седум повеќе од Алберто Пелицари од Италија.

Речиси половина од нив (31) постигна против Бугарија во извонредото напаѓачко издание. На Црна Гора и даде 17, на Израел 10, а на Словенија 11. Во просек постигнува по 17,3 поени на натпревар и во многу елементи потсетува на својот славен татко, легенда на македонската кошарка.

За малку во најдобрите 10 не е уште еден репрезентативец со славно презиме – Тео Војновиќ. На крајот на денот тој падна на 11-тата позиција на листата на стрелци со вкупно 48 поени или 12 по натпревар.