ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Статус кво – ни МЗТ нема да се врати на теренот!?

Статус кво – ни МЗТ нема да се врати на теренот!?

сподели

Долгоочекуваната одлука за предвремено завршување на сезоната во Евролигата и Еврокупот ќе има свои последици и врз натпреварувањата под капата на АБА.

На 27 мај треба да се знае судбината на двете лиги, но од оваа гледна точка, шансите, тие да добијат епилог на теренот е минимална, така најавуваат и медиумите во регионот. Нема никаква логика сега да се доигра елитната дивизија ако се знае дека е веќе комплетиран списокот на екипи во Евролигата за идната сезона и таму повторно ќе учествува Црвена Звезда иако во моментот на прекин се наоѓаше на третата позиција на табелата.

Партизан може да инсистира да му биде доделена титулата врз основа на досегашниот пласман, но и да ја добие, таа ќе има значење само за личната сатисфакција на луѓето во клубот, а нема да му донесе учество во Евролигата. Во АБА требаше да се одигра уште еден коло од основниот дел и плеј-офот.

Во вториот ранг остануваше уште еден натпревар, меѓу Рогашка и Хелиос, кој немаше никакво резултатско значење затоа што двете екипи немаа шанси за пласман во плеј-офот. Познати беа полуфиналните двојки: Борац-Сутјеска, Сплит-МЗТ Скопје. Ако не се доигра АБА лигата, каде три екипи се во борба за опстанок, тоа најверојатно значи дека нема да се игра ни АБА 2, а македонскиот претставник ќе биде спречен да избори пласман во повисок ранг.

Во меѓувреме МЗТ Скопје ги прекина тренинзите кои траеја само неколку дена, минатата недела. Причина за тоа, освен полицискиот час кој беше воведен викендов, е и порастот на заболени од корона вирусот во земјава.