ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Стартуваше новиот Бруклин, ама не му стигнаа ни 50 поени на...

(ВИДЕО) Стартуваше новиот Бруклин, ама не му стигнаа ни 50 поени на Ирвинг

сподели

Екипата која значително се засили во текот на летото го одигра првиот натпревар во новата сезона. Во нов лидер се промовира Кајри Ирвинг кој постигна 50 поени, но Бруклин Нетс загуби од Минесота на домашен терен со 126:127 по продолжение.

На крајот Ирвинг излезе и трагичар бидејќи во последниот напад прво имаше проблеми со водењето на топката, а потоа го промаши шутот за победа. Во тимот на минесота најефикасен бепе Таунс со 36 поени, а Вигинс постигна 21.