ПОЧЕТНА Женска кошарка Стартни победи на Вардар и Бадел

Стартни победи на Вардар и Бадел

сподели
фото: ZKK Badel - Facebook

Новиот шампионат во женска конкуренција почна со триумфи на фаворитите за највисок пласман. Бадел 1862 и ЖКК Вардар регистрираа убедливи победи на почетокот на натпреварувањето.

Крива Паланка падна во Кисела Вода со резултат 103:39, а тимот од Кале на гостински терен го совлада Трокал со 23:66. Про Баскет Академија победи против Гостивар 2009 со 57:50.

Остануваат да се одиграат дуелите Пантери – Струга 2009 и Патриот 2016 – Шкупи. Дуелот меѓу Баскет Кам и Студент Академија не се одигра.