ПОЧЕТНА СП 2019 Српскиот Х фактор

Српскиот Х фактор

сподели
FIBA

Репрезентацијата на светскиот, европски и олимписки вицепрвак игра одлично во воведната фаза од светскиот самит на најдобрите репрезентации на денешницата. Во Кина, сите се согласни дека Србија игра најдобра кошарка, по првите три кола.

Ако првите два беа со противници под секоја граница, тогаш третиот меч, со Италија, покажа дека оваа чета на Александар Ѓорѓевиќ може да се адаптира на секаков стил на игра на противникот. Во рововската валкана игра што ја наметнаат Италијанците, Србите им вратија со 77:92, со помалку од 70% од својот капацитет.

FIBA

Во досегашниот дел од СП, се издвојува едно име, во редовите на селекцијата на Србија. Ако Андресон Варежао по три кола го издвоивме како играч на шампионатот, поради неговата возраст и ренесанса што ја покажува, тогаш лидер на орлите е сигурно Богдан Богдановиќ.

FIBA

Не дека Јокиќ и останатите се во сенка, туку тој отскокнува од другите. Бекот на Сакраменто постигна 31 поен (6 тројки), што беше повеќе од двојно повеќе од следниот во неговиот состав, Јокиќ кој имаше 15. Имаше 5 асистенции, со 4 скока и 5 украдени топки, односно само една загубена, за 36 минути игра, најмногу кај Србите.