ПОЧЕТНА Некатегоризирана Српскиот државен врв се вклучи во лобирањето за Партизан

Српскиот државен врв се вклучи во лобирањето за Партизан

сподели

Европскиот шампион од 1992 година не успеа преку АБА да се пласира во Евролигата, но во белградскиот табор уште се надеваат дека по неколкугодишна пауза ќе се вратат во елитата.

Постои можност Партизан да добие специјална покана, но конкуренцијата е голема бидејќи на неа се надеваат уште УНИКС, Дарушафака, Будуќност итн. Конечната одлука ќе биде донесена во јули, а дотогаш речиси цела Србија ќе лобира за „црно-белите“. Меѓу другите и претседателот Александар Вучиќ.

„Многу би сакал, би било од огромно значење Србија да има два клуба во Евролигата. Првиот човек Жорди Бартомеу треба сериозно да размисли за тоа. Белград и Србија се одлични домаќини“, изјави шефот на државата.

Партизан беше редовен учесник во Евролигата 14 сезони, во 2010 година учествуваше и на завршниот турнир и малку недостасуваше да дојде до финалето. Сето тоа заврши во 2014 година од кога најтрофејниот српски клуб не бил дел од европската кошаркарска елита.