ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Среќниот и чесниот добитник на првиот дрес, подарок од нашиот портал

Среќниот и чесниот добитник на првиот дрес, подарок од нашиот портал

сподели

Во процедура без фаворизирање или заобиколени патишта, basketball.mk му подари дрес на големиот љубител на кошарката, кој од најмали нозе се занимава со овој спорт и редовно го следи единствениот специјализиран медиум за кошарка во Македонија.

И понатаму наградната игра ќе се одвива според правилата што ги поставивме и добитниците ќе бидат избирани по случаен пат, а првиот добитник во серијата дресови што ќе ги подариме, е Михаил Стерјовски:

„Аплицирав за дресот бидејќи ми се допаѓаше, исто така го знам и играчот, а воедно и тренирам кошарка. Овој спорт го сакам уште од мал и сум многу посветен на него.

Покрај тоа што тренирам со клубот ФМП Академија, играм и за моето училиште “Ѓорѓија Пулевски” од Аеродром.“ – ни изјави Стерјовски.

Следен на списокот дресови што ќе ги подариме, е 10-ката на шампионот МЗТ Скопје Аеродром. Пријавувајте се и следете ја нашата наградна игра на нашата Фејсбук страна.