ПОЧЕТНА Некатегоризирана Србите осцилираат, но и натаму се без пораз на подготовките

Србите осцилираат, но и натаму се без пораз на подготовките

сподели

Еден од најсериозните фаворити за титулата на претстојното Светско првенство ја победи Италија со 71:65 во првото коло од Остајгер купот што се одржува во Шенјанг.

Натпреварот го одбележа големиот пресврт на „аѕурите“ откако Србија имаше водство од 64:48. Нешто подоцна Италија направи серија од 17:0 и поведе со 65:64 на околу две минути пред крајот. Но, тука застана, во финишот Србија постигна седум поени беа да прими ниеден и дојде до нова победа во рамките на подготовките за Мундијалот.

Богдановиќ со 15 поени беше најефикасен во српската репрезентација, а Белинели со 18 прв стрелец на натпреварот.

На овој турнир учествуваат уште Франција и Нов Зеланд кои меѓусебниот дуел ќе го одиграат в сабота.