ПОЧЕТНА Репрезентации (ВИДЕО) Србите не можеа побизарно да загубат, селекторот тргна да тепа судии

(ВИДЕО) Србите не можеа побизарно да загубат, селекторот тргна да тепа судии

сподели

Српската кадетска репрезентација е елиминирана во четвртфиналето од Европското првенство во Удине, каде што игра и нашата селекција.

Сите четири натпревари од оваа фаза завршија со победи меѓу 1 и 3 разлика, а Шпанија ги совлада младите „орли“ со 72:71 по едно продолжение.

Победникот го одлучи техничката грешка на безмалку 2 секунди пред крајот на продолжението, досудена поради попречување при внесување топка во игра од страна. Марко Марковиќ излезе од теренот додека го блокираше противничкиот кошаркар и судијата во согласност со правилата му досуди техничка грешка.

                                                                                        *Инцидентот е на 2:10:00

Шпанците го реализираа слободното фрлање и дојдоа до победата. По последниот звук на сирената дојде до драма на теренот. Селекторот на српската репрезентација Саша Никитовиќ тргна да се тепа со судиите, па мораат да го спречат помошниците и кошаркарите. На крајот остана на вербална расправија и убедување дали одлуката е правилна или не.