ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СРБИНОВСКИ: Го контролиравме резултатот, го спуштивме МЗТ на 70 поени…

СРБИНОВСКИ: Го контролиравме резултатот, го спуштивме МЗТ на 70 поени…

сподели

Победата против МЗТ Скопје во „Јане Сандански“ уште е топ-тема во Гостивар и веројатно така ќе биде до идниот викенд кога оваа екипа ќе го одигра првиот натпревар на домашен терен во новата година.

Гостиварци немаат голем ростер, но оние што излегуваат на терен постојано го даваат максимумот. Тренерот Марјан Србиновски ги анализира причините за триумфот против МЗТ Скопје.

„Добро го отворивме натпреварот, го контролиравме резултатот во текот на сите 40 минути и успеавме да го спуштиме противникот на 70 поени.

Тоа, заедно со подобриот скок, шутот за три поени и добрата пик игра во одлучувачките моменти се покажаа како одлучувачки фактори за нашата победа. Им честитам на моите кошаркари за добриот натпревар“, изјави Србиновски за basketball.mk.

Ова беше прво од четирите тешки гостувања на Гостивар во овој дел од сезоната, пред почетокот на Суперлигата. Екипата ќе оди и во Гевгелија, Кавадарци и Куманово и тие натпревари ќе одлучат дали во Супрлигата ќе влезе од лидерската позиција на која е сега заедно со шампионот.

„Не се оптоваруваме со тоа, одиме од натпревар на натпреар. Единствено што барам од кошаркарите е да даваат максимум на секој меч“, додава поранешниот македонски селектор.